Струмичкиот театар ќе учествува на три меѓународни фестивали

Ансамблот на Nародниот театар „Антон Панов“ од Струмица ќе учествува на три меѓународни фестивали - во Турција, Шпанија и во Русија.
Претставите „Kамин“ и „Таа“ во режија на актерот и режисер Васил Михаил на 22 март ќе гостуваат во Анталија, Турција, како и во Денија, Шпанија, на фестивал од 1-ви до 10 јуни. Претставата „Мурлин Мурло“ во режија на Ана Батева од 20-ти до 30 јуни ќе гостува во Екатеринбург, Русија.
Според директорот на театарот Драган Маџиров, гостувањата се голем успех за овој мал театар.
- Се надеваме дека нашите претстави ќе бидат одлично примени на овие меѓунардони фестивали. Ова е навистина голем успех за нашиот театар, кој според големината е еден од помалите. Искуствата секако дека ќе се добредојдени, како за актерите, така и за Струмичкиот театар и во остварување контакти и соработка со други театарки куќи. Заслугата за меѓународнната промоција е на целиот тим на нашиот театар, рече Маџиров.
Тој соопшти и дека Центарот за култура „Антон Панов“ ќе го одбележи 27 март – Светскиот денот на театарот, а во понеделник ќе се одигра претставата „Камин“ во Завод за рехабилитација „Бања Банско“.
Ново на Сител
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
-

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении
