Македонија
24. February 2019 - 16:26

Струмичките средношколци бизнис идејата ја преточија во ресторан за здрава храна

Средношколците имаат претприемачки дух и добри бизнис идеи. Ова го потврдија и струмичките гимназијалци кои отворија сопствен ресторан за здрава храна.  Ресторанот значи и официјална реализација на средношколската идеја која беше рангирана во петте  најдобри бизнис планови на натпреварот  инициран од фондот за иновации и УНИЦЕФ,  а на кој учествуваа 100 апликанти од сите средни училишта во државата. Како стартна инвестиција во проектот беше искористена наградата од 2000 евра, а останатите средства беа обезбедени по пат на спонзорства.  За раководството на училиштето и менторите,  покрај добриот бизнис план, посебно значаен е изборот на темата. Со ова нивните ученици покажале дека се одговорни.

,, Тие го согледаа проблемот и го дадоа идејното решение за ваквиот проблем.,, вели МЕНЧЕ ЏОРЛЕВА – ПРОФЕСОР ВО СОУ ЈАНЕ САНДАНСКИ СТРУМИЦА

,, Можам да кажам дека сме револуционери на ова поле во цела држава. Се надевам дека нашата идеја ќе ја следат училиштата од целата држава и брзата храна полека,  полека колку тоа тешко и да изгледа ќе почне да се заменува со здрава храна.,, вели НЕВЕНКА СТОЈАНОВА – ДИРЕКТОР  НА СОУ ЈАНЕ САНДАНСКИ

 Учениците од училиштето  Јане Сндански се надеваат дека реализацијата на овој проект ќе значи и почеток на решавање на еден социјален проблем, но и место во кое ќе се нуди здрава храна не само за нивните врсници туку и за сите граѓани.

,, Ова да биде почеток на една приказна, а ние да бидеме само пионерите во неа.,, рече ВЕРИЦА АХТАРОВА – УЧЕНИК ВО СОУ ЈАНЕ САНДАНСКИ СТРУМИЦА

Освен во Струмица слични вакви проекти со добри бизнис идеи од средношколци ќе бидат имплементирани во уште 14 училишта во државата.

,, Планираме 15 вакви проекти да поддржиме и ќе работиме не само со ученици, туку и со наставници. Значи наредниот чекор ќе биде како сега понатаму и другите генерации да бидат опфатени од оваа програма.,, вели ЃОРЃИ КУШЕВСКИ – ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ И МЕНАЏЕРИ

За потребите на ресторанот средношколците изработија и посебна веб страница преку која ќе може  да се прават онлајн нарачки.