Студен бран го блокираше Балканот
- Под влијание на студениот сибирски бран што од исток се прошири кон Балканскиот Полуостров, целиот регион е зафатен од ниски температури и врнежи од снег, кој падна дури и во делови на јадранското крајбрежје.
Според Црногорскиот хидрометеролошки завод, најмногу снег во Црна Гора наврнал на Жабљак каде е формирана снежна покривка од 97 сантиметри, а снег има во Подгороца, Цетиње, Колшин, Шавник, Рожаје, Андријавица, Бијело Поље и Пљевља.
Снег паѓал вчера и во црногорското пристаниште Бар, кој набрзо преминал во дожд.
Директоратот за вонредни состојби при црногорското Министерство за внатрешни работи ги повика сите институции да го зголемат степенот на подготвеност пред налетот на студениот бран.
Снег падна и во поголемиот дел од Хравтска, поради што властите на целата територија на земјата прогласија жолт метеоаларм за опасност од временски неприлики.
Во континентална Хрватска се измерени температури од минус 17 до минус три степени, а на јадранското приморје од мунус четири до четри степени.
Највисока снежна покривка од 232 сантиметри е формирана во Завижан, во Делнице 149, на Плитвичките Езера 115, во Огулин 92, Госпиќ 81, а во Слуњ 75 сентиметри.
Најголемиот дел од Босна и Херцеговина исто така е прекриен со снег, при што највисока снежна покривка од 183 сантиметри е измерена на Бјелашница.
Во тој реон е измерена и температура од минус 16 степени Целзиусови, во Хан Пјесак од минус 11, во Тузла минус шест, Бања Лука и Сараево по минус пет, а во Мостар еден степен над нулата.
Снег од вчера паѓа и во цела Србија, каде исто така се измерени температури под нулата.
Снегот предизвика проблеми во одвувањето на сообраќајот во поголемиот дел од Балканот, пред се на повисоките места. Засега нема информации за жртви при невремето.
Метеоролозите најавуваат дека исклучително студеното време, проследено со ниски температури и снежни врнеж, ќе продолжи во текот на целата оваа недела.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
