-->
-->
Студен бран ја зафати Македонија
-->
Македонија денеска ќе биде под влијание на студен и влажен бран од северозапад, а времето ќе биде облачно, студено и ветовито со врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне снег.
Попладне постепено врнежите се очекува насекаде да поминат во снег и на повеќето места ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има особено во источните и североисточните делови каде локално можно е да наврнат над 10 сантиметри снег.
Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
И во вторник ќе биде студено и ветровито, а претпладне на истокот се уште има услови за повремен слаб снег. В среда ќе има преодна стабилизација, а в четврток се очекува нов влажен бран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Ќе одговара секој криминалец во МВР кој наместо да ги штити, ги краде граѓаните
-
Априлската плата во здравството повисока за 2500 денари
-
112 милиони денари собрани на сметката на Црвениот крст
-
Тошковски: Истрагата за Кочани се уште трае
-
Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага
-
Во Штип ќе се отвори првиот Центар за рехабилитација за деца со попречености
-
Македонија со идеални услови за производство на органска храна
-
Преглед на вестите од светот