Студенти од Габон прекинаа митинг на Никола Саркози
Предизборен митинг на поранешниот француски претседател Никола Саркози во местото Марк-ен-Бароеул на северот на Франција, беше прекинат од страна на десетина студенти од Габон, кои се противат на реизбраниот габонскиот претседател Али Бонго на спорните претседателски избор одржани на 27 август, чии конечни резултати треба да бидат објавени во наредните денови, јави дописникот на МИА од Париз.
Додека Саркози им се обраќаше на околу илјада свои приврзаници, студентите, кои носеа знамиња на Габон, влегоа во салата извикувајќи „Саркози, дојди побарај го Али!“.
Тие го обвинуваат Саркози дека кога беше претседател на Франција, му помогнал на Бонго да се одржи на власт.
По неколку десетици секунди двоумење, Саркози им одговори на студентите: „Ова е Франција, не е Габон“. - Ако сакате да зборувате за Габон, вратете се таму!, изјави Сракози пропратен со силен аплауз од публиката.
Студентите од Габон потоа беа избракани од салата од страна на припадниците на службата за безбедност.
Претходно во текот на денот Саркози беше пречекан со извици „Саркози во затвор!“, од страна на десетина радикални левичари пред една книжара во местото Туркуанг, каде што дојде да ја потпишува својата нова книга. Неговите поддржувачи одговорија со скандирање: „Саркози, претседател!“.
Ново на Сител
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат