-->
-->
Студентите едногласни: Ние младите сакаме унитарна Република Македонија
-->
Ние младите сакаме унитарна Макеоднија, во која поединецот ќе биде приоритет, а не етничките права, вели студентот Ристе Колев.
„Јазикот е нашата татковина – кажа големиот Блаже Конески, затоа ние мора да го негуваме и заштитиме од деградирање. Македонија за жал влегува во уште поголема криза, која што ги засега и нашите родители, а исто и нас. Иднината на нашата земја сме ние, затоа ние мора да го искажеме нашиот став, нашиот став е јасен, сакаме да живееме во унитарна и суверена Македонија, сакаме во Македонија да се цени квалитетот на човекот и неговото знаење, а не да се решава иднината со политички клуч и уцени. Ние студентите не прифаќаме никакви уцени, ние сме против двојазичност на целата територија на Република Македонија, не сакаме таква Македонија да наследиме од денешните политички елити, затоа непотребно и неприфатливо за нас е наметнување на Албанскиот јазик и на политички платформи, како и заплашување со казни од 5.000 евра. Официјализирањето на Албанскиот јазик за втор официјален јазик не значи ништо друго освен двојазични сведителства, дипломи, документи за сите нас. Нас Албанскиот јазик не смее да ни биде услов за вработување во идинина, во сите институции, нивоа и општини. Ние младите сакаме унитарна Македонија, во која поединецот ќе биде приоритет, а не етничките права. Разочарани сме од возрасните кои се доверуваат до власта и функцијата за правата, затоа време е и ние гласно да го кренеме гласот и да кажеме не за разнебитување на државата. Никој друг не ви го даде гласот вас, туку ние што сме иднината на државата“, изјави студентот Ристе Колев од Економскиот факултет при УКИМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НОБ пред софиската публика
-
Следната недела ќе се знае дали ќе има замрзнување на цените или намалување на маржата на производите
-
Позитивни очекувања по средбата Сиљановска-Радев во Софија
-
Двајца пилоти загинаа при пад на авион за време на вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Прва средба Сиљановска – Радев во Софија, ќе успее ли културната дипломатија
-
Приведени 4 лица меѓу кои и познат струмички бизнисмен осомничени за милионски криминал
-
Потенцијалниот судир на двата авиони над македонското небо е сериозен инцидент