Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк
Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари, информираат денеска од Министерството за образование и наука.
Станува збор за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.
-Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.
Потсетуваат дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнале над 31 илјада апликации.
Ново на Сител
-
Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница – Можно ли е реотворање на судските процеси?
-
Црвен крст: Собрани повеќе од 30 милиони денари за семејствата на настраданите и повредените
-
Пукање во скопско Моране
-
Повредените во стабилна состојба
-
Кочани тагува
-
Струмичани се збогуваа со Ѓоко Георгиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Кочани тагува