Студентскиот дом „Скопје“ ја врати старата цена
Цената за сместување и исхрана во студентските домови во Скопје ќе биде вратена на стариот износ и ќе изнесува 3645 денари, соопштија од Државниот студентски дом - Скопје.
„Државниот Студентски Дом „Скопје“ – Скопје на седницата на Управен Одбор одржана утринава а по претходна координација со Министерството за Образование и Наука и министерот Јетон Шаќири донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години, се наведува во соопштението.
Оттаму наведуваат дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана биле земени во предвид сите трошоци на ДСД кои како што велат се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура.
По реакцијата на студентите за покачените цени одлучено е тие да се вратат на старите суми, а дополнително да се бара решение за нормално функционирање на студентските домови, истакнуваат од овој студентски дом.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
