Студија: Лековите против холесторол ја намалуваат смртноста од Ковид-19

Стотици милиони луѓе низ светот користат статини, лекови кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го спречуваат ризикот од развој на срцеви заболувања. Едно ново американско истражување покажа дека статините, „лекови против маснотии“, исто така, ја намалуваат смртноста од Ковид-19, пренесува порталот Медикал Њуз Тудеј.
Покрај нивната примарна цел, статините, исто така, имаат силно антиинфламаторно, антикоагулантно и антивирусно дејство, а сето тоа може да придонесе за намалување на компликациите поврзани со тешката клиничка слика на коронавирусот.
Затоа не е изненадувачки што група американски научници, вклучително и кардиолози кои се грижеле за лица заболени со Ковид-19, го испитуваат влијанието на статините врз оваа болест.
Тие го споредиле исходот од третманот на 1.296 пациенти хоспитализирани поради Ковид-19. Половина од нив редовно користеле статини пред инфекцијата, а половина не.
Научниците откриле дека употребата на статин кај испитаниците ја намалува смртноста за 50 проценти еден месец по хоспитализацијата.
Ова е најголемата студија од ваков вид досега спроведена, но не е единствената. Истражувањето спроведено минатата година во Сингапур покажа дека луѓето кои користат статини имаат помала веројатност да завршат на оддел за интензивна нега поради коронавирус отколку оние кои не ги земаат како вообичаена терапија.
Американско истражување, исто така, открива дека пациентите кои користат статини побрзо се опоравуваат од коронавирусот.
Научниците сметаат дека ова се случува бидејќи статините, покрај тоа што го намалуваат воспалението и ризикот од згрутчување, го отстрануваат холестеролот од надворешните обвивки на клетката. Рецепторите на кои се врзува САРС-КоВ-2, вирусот што предизвикува Ковид-19, се наоѓаат токму во делот на клеточната мембрана каде се таложи холестеролот. Без него, вирусот не може да навлезе во клетката, покажуваат резултатите од студијата.
– Ако клиничките истражувања ги потврдат резултатите, статините би можече да се покажат како евтина и ефикасна терапевтска стратегија во борбата против Ковид-19, изјави шефот на студијата, д-р Махеш В. Мадхаван, кардиолог од Медицинскиот центар Ирвинг на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
-

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10
-

„Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ ја тужат Калифорнија: Не сакаат ограничувања за деца под 16 години
-

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 - напредок и реформи“
-

Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа
-

Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра
-

Масакр во Турција: Осум лица убиени, убиецот е во бегство
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
