Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање
– Американскиот апелациски суд во Сан Франциско ја потврди блокадата на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, со која тој се обиде да го ограничи правото на државјанство по раѓање.
Судот го одби барањето на администрацијата на Трамп да ја суспендира пресудата на понискиот суд, со што оваа правна битка би можела да заврши пред Врховниот суд на САД.
Трамп на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата, потпиша наредба со која им се ускратува државјанството на деца родени во САД, ако ниту еден од родителите не е американски државјанин.
Наредбата веднаш беше оспорена од неколку демократски држави и организации за заштита на имигрантите, кои тврдат дека таа го крши 14-от амандман од Уставот, кој гарантира државјанство за сите родени на американска територија.
„Оваа наредба е очигледно неуставна“, стои во пресудата на сојузниот судија Џон Коухенор, кој одговори на тужбата поднесена од Вашингтон, Аризона, Илиноис и Орегон.
Судови во Мериленд, Масачусетс и Њу Хемпшир веќе донесоа одделни одлуки со кои ја блокираат примената на наредбата.
Ново на Сител
-
Експертите бараат поригорозни казни за прекршоци во сообраќјот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Средба Сиљалновска Давкова - Радев: Можни се компромиси и исчекор за деблокирање на процесот
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина управителот на дискотеката „Пулс“ кој беше на лекување во Литванија
-
Запрена истрагата против управителот на дискотеката „Пулс“
-
Се води постапка против полицаецот кој не дозволи да се крене возилото на велосипедска патека
-
Мицкоски и Филипче отворени за лидерска средба со други партии, ДУИ обвинува за моноетнички состанок