Судења за „Титаник 2“, „Триста“ и „Тарифа“
Нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“, „Триста“ и „Тарифа“ денеска треба да се одржат во Кривичниот суд.
Во предметот „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Судијата Огнен Ставрев на минатото рочиште го прифати барањето на одбраната за одложување и ново судење закажа за денеска, со цел да можат да го разгледаат прочистениот текст на обвинението што им го подели обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи. Во прочистениот текст го нема делот за петмината судии од Управен суд, за кој Судот не го прифати обвинителниот акт поднесен од СЈО.
Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.
Ново судско рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.
Поповски се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.
На обвинителна клупа во Судот денеска ќе седнат и Дејан Бошковски, поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ и уште други две лица - обвинети во случајот на СЈО „Тарифа“.
Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.
Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“.
Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп