Судењето против обвинетите за протести за случајот ,,Монструм” продолжува на 19 април
Судењето за немилите настани на протестите за случајот „Монструм” кои се одржаа на 26 февруари, предвидено е да продолжи на 19 април.
На денешното рочиште беше сослушан медиумски работник од ТВ Сонце, кој на денот на протестите се здобил со повреда на левата рака од камен (бекатон). Пред суд тој најави оштетно побарување и изјави дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетите, иако посочи дека не знае од кого бил погоден. Исто така сведокот Блерим Ахмети, изјави дека не може да ги препознае обвинетите дека учествувале во протестите.
Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.
На претходните рочишта три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, односно едно лице со осум месеци казна затвор. На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
