Судии, обвинители и адвокати дебатираат за докажувањето согласно новиот ЗКП

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, денеска и утре во Скопје се одржува тркалезна маса на тема „Докажување согласно новиот Закон за кривична постапка - хрватски искуства“.
Пред учесниците на дводневната работилница излагање ќе имаат судијата во Врховниот суд на Хрватска и претседател на Групата држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа, Марин Мрчела, адвокатот од Загреб, Лаура Валковиќ, судијата на Основен суд Велес, Габриела Гајдова, јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски и адвокатот од Скопје, Сања Алексиќ.
Судиите, јавните обвинители, адвокатите, како и претставници од Советот на јавни обвинители, од Судскиот совет и Министерството за правда разменуваат мислења за повеќе практични прашања од досегашната примена на новиот Закон за кривична постапка во однос на докажувањето.
Судијата Мрчела истакна дека во новите решенија на кривичното право има многу елементи од американскиот правен систем и за таа цел, пред учесниците на работилницата ги образложи сличностите помеѓу американскиот и континенталниот модел.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска рече дека ова е добра можност да се разменат мислења во однос на следењето на вистината во кривичната постапка, за стандардите на доказите и товар на докажување, за клаузула за соочување, контадикторност и еднаквост на оружјата, за подготовка на судењето, за прелиминарно сослушување, за директното, вкрстеното и дополнителното испитување, како и за докази пред суд - директно, вкрстено и дополнително испитување.
Како дилеми кои се јавуваат кај судиите, а кои можеби ќе ги разрешат со предавачите на работилницата, Арнаудовска ги посочи оние кои се однесуваат на тоа дали можат да отстапат од редоследот на изведување на доказите во текот на главната расправа, како и за улогата на судијата во вкрстеното испрашување. - Постои опасност судијата со непрепознавањето на тоа дали е директно или вкрстено прашање погрешно да го насочи испитувањето во корист на едната или на другата странка, додаде таа.
Тркалезната маса се одржува во соработка со ИПА проектот „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки“.
Ново на Сител
-

При претрес во Скопје пронајдена дрога, уапсени две лица
-

СП 2026: Многу сме горди што сме во полуфиналето
-

Опасна граната тешка околу 45 килограми пронајдена кај Неготино
-

Енергетската независност една од стратешките цели на Владата - повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
-

Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност
-

Нови мерки во студентските домови: За алкохол во собите следува забрана и до пет години
-

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродрома опслужија речиси два милиона патници за половина година
-

Највозрасната жена која отишла во вселената, Воли Фанк почина на 87 години
