Македонија
9. March 2023 - 21:11

Судир меѓу „Пежо“ и мотор во Скопје - Повредена жена во тепачка што избила по сообраќајката

На 08.03.2023 во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 307“, управувано од Н.Д.(42) од Скопје и мотоцикл, управуван од Х.Б.(50) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Сопатничката од мотоциклот, А.Г.(36) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за кои во службен разговор со полициски службеници изјавила дека ги здобила од физички напад, откако се обидела да ги раздвои возачите кои физички се пресметувале.

Исто така, Т.С., кој бил на местото, но не бил учесник во незгодата, пријавил дека бил физички нападнат од Х.Б.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.