Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Тбилиси кои бараат повторување на парламентарните избори
Грузиската полиција синоќа употреби солзавец и водени топови во растерувањето на демонстрантите од пред зградата на Централната изборна комисија во Тбилиси, кои, заедно со опозицијата, бараат повторување на парламентарните избори, тврдејќи дека се нерегуларни.
Илјадници демонстранти се собраа на Главната авенија во Тбилиси за мирно да го изразат својот протест, а помали групи ја гаѓаа полицијата со камења, по што таа реагираше.
Британските медиуми, повикувајќи се на полицијата, јавија дека демонстрантите се обиделе да упаднат во зградата на грузиската ЦИК.
Полицијата преку соопштение појасни дека „откако демонстрантите употребија насилни методи и не ги следеа упатствата, Министерството за внатрешни работи употреби пропорционална сила, во рамките на своите овластувања“.
Според официјалните резултати од изборите, владејачката партија „Грузиски сон“ освои 48,2 проценти од гласовите, додека најголемата опозициска партија, „Обединето национално движење“, освои 27,1 процент од гласовите.
Осум опозициски партии најавија бојкот на работата на парламентот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата