Судир на камион и автомобил во Штип - Повредени се три лица
Вчера во Штип се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу камион и автомобил во која се повредени три лица.
- На 15.03.2021 во 11.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Сремски Фронт“ и ул.„Џемал Бјејдиќ“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(49) од Штип и товарно моторно возило „ивеко-еурокарго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(51) од Штип, соопштува МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Д., а со телесни повреди се здобиле двe лица од товарното возило Н.М.(37) и Д.М.(49), двајцата од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Штип.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
