Судот донесе пресуда: Ел Чека доби условна казна затвор од една година
Кичевскиот Основен суд донесе пресуда - условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело, за кичевчанецот Шеќерим Ахмеди, познат како Ел Чека, дознава Алсат.
Веста ја потврди и неговиот адвокат, Бесник Асани.
Во пресудата пишува дека Ел Чека од 29 до 31 мај 2019 година, на социјалната мрежа ФБ, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори, со што им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и други неповикани лица да се запознаат со содржината на ваквите разговори. Адвокатот Асани вели дека не се задоволни ниту од пресудата ниту од текот на постапката.
„Mислиме дека се направени многубројни суштински повреди на постапката, според кривичниот законик.Една од тие е што во ова дело не постои оштетена страна, кој е битниот и главен елемент во кривичната постапка.Ова го знае и еден студент од прва година на Правен фукултет, дека ако не постои оштетена странка, неможе да постои и кривично дело“, рече Бесник Асани-адвокат на Ел Чека.
Асани вели дека ќе ја обжали пресудата пред Апелациониот суд во Гостивар.
Ново на Сител
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек