Судот му нареди на Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари во случајот за измама во Њујорк
Судија од Њујорк му нареди на Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари откако беше прогласен за виновен за фалсификување податоци за неговата финансиска состојба. Одлуката е донесена по тужба за граѓанска измама против поранешниот претседател поднесена од државниот обвинител на Њујорк, објавија агенциите.
Сумата вклучува казна од 354,9 милиони долари, плус камата, што на 16 февруари судијата на државниот суд на Менхетен, Артур Енгорен, му ја изрече на Трамп по повеќе од три месеци судење. Така, вкупната сума на казната на која беше осуден поранешниот претседател се зголеми за речиси 100 милиони долари.
Информацијата синоќа ја објави државниот суд во Њујорк.
На 16 февруари, Трамп беше прогласен за виновен од судот во граѓански случај за измама при проценката на имотот на неговата компанија „Трамп Организејшн“ и му изрече парична казна од околу 355 милиони долари. Покрај тоа, на републиканецот му беше забрането во период од три години „да работи како службеник или директор на која било корпорација на територијата на државата Њујорк и да аплицира за заеми од финансиски институции регистрирани во државата“.
Трамп најави дека ќе поднесе жалба на одлуката.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг