-->
-->
Судски процес против 93 годишен член на СС трупите во Аушвиц
-->

На почетокот на 2016 година 93 годишен Германец ќе биде суден за соучесништво во убиство на заробеници на концентрационен камп во текот на втората светска војна.
Екс војникот на нацистичка Германија Рајнхолд Ханинг според обвинението кое што денеска го прифати федералниот суд во градот Детмолд ќе биде суден како припадник на обезбедувањето во концентрациониот логор Аушвиц. Тој бил дел од озлогласените СС трупи кои што биле одговорни за кампот и кои што биле директно инволвирани при убиствата на милиони луѓе во втората светска војна.
Ханинг кој по чин бил наредник од Јануари 1943 до Јуни 1944 година го помагал убиството на логорашите во Аушвиц а неговата одбрана негира дека тој бил активен и во логорот Биркенау каде што за време на нацистичка Германија биле убиени над 1, 1 милиони луѓе.
За време на процесот кое ќе започне на средината на Февруари судењето ќе трае по 2 часа дневно поради неговат старост и здравствена состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
