Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии
Судскиот совет на денешната 481 седница поради исполнување на услови за старосна пензија донесе одлука за престанок на мандатот на судијката на Управен суд Дрита Мехмети и судијата на Основен кривичен суд Јане Тапанџиевски.
Одлуката за престанок на мандатите на Мехмети и Тапанџиевски заклучно 13.3.2024 година ја донесе едногласно.
Советот на денешната седница расправа и за донесување на Одлука за утврдување на бројот на слободни судиски места на X-та генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, додека на дневен ред е и постапувањето по приговор поднесен против решенија на Судскиот совет на Република Северна Македoнија за престанок на судиска функција, за престанок на мандат на член на Советот и за престанок на работниот однос, Мери Радевска.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски