Судскиот совет донесе одлука да ги продолжи преговорите за Нацрт-измената на Колективниот договор

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука да се продолжи со нов рок, односно нови преговори за изнаоѓање решение во врска со Нацрт-измената на Колективниот договор за административните службеници и другите вработени во Судскиот совет.
На денешната 466. седница Судскиот совет, исто така, го усвои и предлог-правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работни места во Судски совет заради усогласување по однос на одлука на Влада за преземање на вработен од страна на Владата.
На седницата, исто така, Советот ѝ одобри патни трошоци на судијката Ирена Митреска од Основен граѓански суд Скопје која беше времено упатена во Основен суд Кичево.
Судскиот совет денеска расправаше по повеќе претставки и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија.
За точките разгледување на извештаите од работни посети на Основен граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје, Апелационен суд Скопје и Врховен суд на РСМ, одлучување по известување и разно, Советот одлучи да закаже нов термин за продолжение нa 466 седница на 5 декември во 10 часот.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
