Судскиот совет ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд
Судскиот совет на денешната 436-та седница ги избра Анита Бошковска и Катерина Георгиевска за судијки во Врховниот суд од граѓанска област.
На огласот за избор на четири судии во Врховниот суд, од кои двајца за кривична област и двајца за граѓанска област, беа пријавени по петмина кандидати, но Судскиот совет не избра ниту еден од петмината кандидати за судии од кривична област.
Од граѓанска област пријавени беа пет кандидати, од кои прворангирана со 74 бода судијката Анита Бошковска која доби 10 гласа „за“ и 2 против, додека второрангираната со 68,4 бода Катерина Георгиевска која доби 10 гласа „за“ и два против. Судскиот совет согласно закон судиите ги избира со најмалку осум гласа „за“ од судиите со право на глас и гласа од прворангираниот се до изборот на потребниот број судии согласно објавениот оглас. Останатите кандидати беа Елизабета Дуковска со 64,8 бода, Роза Георгиева со 55,5 бода и за Енвер Беџети со 53,3 бодови.
Од кривична област, од пријавените пет кандидати Зоран Димитриевски доби 4 гласа „за“ и 8 против, Данка Ристова 6 гласа „за“, 6 против, Татјана Дукоска 4 гласа „за“ и 8 против, Енвер Беџети 4 гласа „за“ и 8 против и Енвер Амзаи, исто така 4 гласа „за“ и 8 против.
Ова е прв избор на судии во повисок суд, по новите критериуми за оценка.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
