Сугарески: Општините да достават проекти за инфраструктурни проекти
- Општините да достават готови проекти до Владата за да може да ги искористат парите кои беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип, а сега се пренаменети за инфраструктурни проекти во општините, апелира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
- Се работи за сериозна сума на пари од кои 40 милиони евра од планираните за изградба на аеродромот, а остатните од јавните претпријатија, изјави министерот Сугарески по денешната посета на општина Илинден и средбата со градоначалникот Жика Стојановски.
Тој додаде дека се работи и на проект за санација и реконструкција на локалните патишта низ општините и оти во моментот се прават сериозни анализи и се собираат податоци од општините кои патишта треба да се реконструираат.
- Ова ни е потребно за да утврдиме точна рамка за колкави средства станува збор. Се планира меѓу 70 и 100 милиони евра кредитна линија и ве уверувам дека се што можеме, ќе помогнеме за да го забрзаме еконскиот развој на општините и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, рече Сугарески.
Освен денешната средба во општина Илинден, министерот Сугарески досега оствари средби и посети и на општините Кисела Вода и Бутел
Ново на Сител
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници