Македонија
11. July 2016 - 15:03

Сугаревски: Незаконско издавањето на еврообврзницата

Пратеничката група  на СДСМ, НСДП, ЛДП И ПДТ смета дека е незаконско најавеното издавање еврообврзница од 650 милиони евра и најавува дека ќе преземе се што може да го спречи нејзиното емитување.

- Доколку не биде испочитувана законската процедура, како при издавањето на последната еврообврзница, тогаш по промената на власта ќе го оспориме ова задолжување како законски јавен долг, а сите инволвирани во незаконското задолжување ќе понесат одговорност, изјави денеска Горан Сугарески, координатор на пратеничката група.

Сугарески истакна дека власта нема легитимитет и легалитет  да носи, како што рече, вакви незаконски одлуки.

Еврообврзницата од 650 милиони евра, според Сугарески, „власта ги бара исклучиво за корупција на гласачкото тело и полнење на приватните џепови“.