СУГС „Георги Димитров“ ќе добие енергетски ефикасна фасада

Во Средното училиште „Георги Димитров“ Град Скопје ќе ја реконструира фасадата на објектот со термоизолациска фасада со стиропор со дебелина од 10 сантиметри, врз кој ќе се нанесе малтер на минерална основа и фасаден декоративен малтер. Вкупната површина на фасадата на училиштето е 2.032 квадратни метри.
Градаоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски информира дека вредноста на обновата на фасадата е околу пет милиони денари.
- Со овој градежен зафат ќе се добие енергетски ефикасна фасада за ова училиште. Во оваа гимназија во изминатиот период направивме повеќе работи што придонесуваат за подобри услови за учениците во извршување на училишните обврски, истакна Трајановски.
Потсети дека Градот Скопје од јуни оваа година почна со реконструкција и обнова на 16 средните училишта во Градот, а вредноста на тој зафат изнесува околу 23 милиони денари.
Според директорот на СУГС „Георги Димитров“ Саша Стоименов со реконструкцијата се подобрил статусот на училиштето, при што уште во првиот уписен рок бил пополнет бројот на ученици.
- Со фасадата очекувам и 60 до 70 проценти заштеда од греењето со што ќе ни останат повеќе средства за подобрување на условите во училиштето, рече Стоименов.
Од 2010 до 2015 година Градот Скопје за реконструкција на средните училишта од буџетот одвоил околу 227 милиони денари. Минатата година се реконструирани девет средни училишта и од буџетот се издвоени 31.319.672 денари, а во 2014 година се реконструирани 15 средни училишта со буџет од 33,5 милиони денари денари.
Градежните зафати за реконструкција на објектите и на спортските сали на средните училишта на Град Скопје ќе придонесат за исполнување на стандардите за енергетска ефикасност и значително ќе ги подобрат функционалноста и изгледот на училишните објекти.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
