Суниог: Вонредни избори во северно Косово што поскоро и со безусловно учество на Србите
Шефот на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Томас Суниог, се заложи за што поскоро одржување вонредни градоначалнички избори во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.
По денешната средба со министерот за локална самоуправа во владата на Косово, Елберт Красниќи, Суниог преку својата страница на Твитер порача дека на изборите е неопходно целосно и безусловно учество на претставниците на тамошните Срби.
- ,,Разговаравме за предвремените избори во северно Косово со минисерот Елберт Красниќи. Повторив дека предвремените избори треба да се организираат што поскоро во четирите општини и со целосно, сеопфатно и безусловно учество на косовските Срби“, напиша Суниог на Твитер.
Косовските Срби во април годинава ги бојкотираа локалните избори, на кои победија кандидати на партиите на косовските Албанци, по што уследија протести во четирите општини, по што премиерот Албин Курти ангажира специјална полиција за заштита на новоизбраните градоначалници.
Европската унија и САД воведоа санкции кон владата на Курти, со барање за повлекување на специјалците и организирање предвремени избори со учество на претставниците на косовските Срби.
Ново на Сител
-
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода
-
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62 021 денари
-
Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
-
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода
-
На царина запленет автомобил, пиротехнични материјали, цигари, лекови | ФОТО
-
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа
-
Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд