Фудбал
14. July 2015 - 22:10

Супер купот меѓу Вардар и Работнички на 19 август

Шампионот на Македонија Вардар и победникот на Купот Работнички на 19 август ќе го одиграат Супер купот на Македонија во фудбал. 

 
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска го закажа дуелот, кој постои можност да биде и поместен доколку некоја од двете екипи или двете ги продолжат натпреварите во рамките од квалификациите од еврокуповите Лигата на шампионите (Вардар) односно Лига Европа (Работнички).
 
Ова ќе биде вторпат да се игра Супер купот, а во првото издание во 2013 година Вардар го победи Тетекс со 1:0.