-->
-->
Супер лига: Металург пресилен за Работнички
-->

Поранешниот шампион на Македонија Металург во целост го надигра тимот на Работнички во последниот натпревар од 2.коло од ВИП Супер лигата и славеше победа со 28:15 (10:5).
Дека избраниците на Лино Червар се максимално подготвени за борба и игра во одбрана пред се покажаа откако по 1:1, на Работнички му беа потребни дури дваесетина минути за да го постигне вториот гол.
Со таков однос на силите прашање беше само како ќе заврши натпреварот, особено што Металург во ниту еден момент не го намали темпото на играта.
Кај Металург 11 ракометари постигнаа гол, а најефиаксни беа Јанко Божовиќ и Никола Костески со по 6 голови. Одличен на голот беше и Даниел Дупјачанец, кој во период од 20-тина минути без гол на Работнички одбрани неколку чисти „зицери“.
Инаку навивачката група на Металург „Пирати“ не заборави да им посака добредојде на поранешните челнови на тимот од Автокоманда Ристо Чокрев и Ванчо Димовски, кој беше и поздравен од страна на навивачите.
Резултати на дуелите од 2.коло:
Радовиш – Вардар Јуниор 24:23,
Металург 2 – Охрид 20:29,
Пелистер – Пролет 30:21,
Борец – Прилеп 25:20,
Металург - Работнички 28:15.
Табела: Металург 6, Борец 6 , Работнички 3, Пелистер 3, Охрид 3, Прилеп 3, Радовиш 3, Пролет 3, Металург 2 0, Вардар Јуниор 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
