Ракомет
20. December 2015 - 8:45

Супер лига: Победи за Борец и Пелистер

Екипите на Борец и на Пелистер постигнаа победи на последните два дуела од 14.коло од ракометната Супер лига изненадувајќи ги фаворитите Работнички односно Охрид.

Борец го совлада Работнички со 23:20, додека Пелистер беше подобар од Охрид со 30:26. 
Поразите на двете екипи ги искористи Прилеп,кој остана на втората позиција зад Металург.
 
На другите дуели од оваа рунда: 
Металург (2) - Пролет 21:27,
Радовиш - Металург 25:28,
Прилеп - Вардар Јуниор 29:26.
 
Табела: Металург 42 бода, Прилеп 30, Охрид 30, Работнички 27, Вардар Јуниор 18, Борец 16, Пелистер 15, Пролет 15, Радовиш 15, Металург (2) 1.
Во првенството ќе следува пауза поради настапот на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Полска.