-->
-->
Супер лига: Работнички почна со победа
-->
Ракометарите на Работнички стартуваа со победа во новиот шампионат откако синоќа како домаќини го победија Охрид со 30:24. На стартот од дуелот водеа гостите со 4:1, но Работнички со серија од 5:1 го презеде водството и на полувремето замина со предност од 14:11.
Предводени од македонските репрезентативци браќата Маркоски, Мите Стоилов и Златко Мојсоски како и од Вања Илиќ Работнички имаше водство од 19:12, кое го зачува до крајот на дуелот. Илиќ со 13 голови беше најефикасен на натпреварот, додека кај Охрид Мите Караиванов постигна 8 голови.
Првото коло во ВИП Суперлигата продолжува со денешениот натпревар помеѓу Прилеп и Пелистер (почеток19 часот), а за недела се предвидени уште два дуела: ГРК Борец – Металург 2 и Пролет – Радовиш. Колото се комплетира со натпреварот во среда помеѓу Вардар Јуниор и Металург
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот