Македонија
22. September 2015 - 12:13

Супер вест - Продолжени викенди до крајот на годината

По осми септември, Денот на независноста, кога одморивме од работните обврски, следуваат уште празници и за наша среќа продолжени викенди во кои ќе уживаме.
 
До крајот на годината ќе одмориме за:
 
11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”
 
Тоа значи дека иако одморите завршија, имаме два продолжени викенди кои може да ги искористиме за да побегнеме од врнежливото време.