Македонија
12. April 2017 - 14:18

Сурово: Во крушевско организирале борби со кучиња, па ги објавиле на Фејсбук

Полициската станица од Крушево поднесе кривична пријава против Б.Ј.(33) и С.Р.(33), двајцата од с.Норово, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.
 
На почетокот од октомври 2016 година на сред село во с.Норово била насобрана група на луѓе од селото кои гледале борба на кучиња организирана од пријавените.
 
Притоа, друго лице од истото село со својот мобилен ја снимил борбата која се одвивала.
 
Потоа, видео материјалот, на кој јасно се прикажани пријавените како грубо ги злоупотребиле своите миленици на тој начин што со намера ги пуштиле меѓусебно да се борат, бил прикачен на социјалната 
мрежа ,,Фејсбук”.