Суспендиран новинар на Еј-Би-Си поради погрешно известување за Флин
Еј-Би-Њуз соопшти дека го суспендирале нивниот новинар Брајан Рос, поради грешки во известувањето за поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, по што во петокот паднаа вредностите на американските акции и доларот.
– Искрено ни е жал и се извинуваме поради тешка грешка што ја направивме во петокот...По неколку часа утврдивме дека информацијата што ја објавивме е погрешна и ја исправивме во програмата и онлајн, наведоа од менаџментот на Еј-Би-Си.
– Брајан Рос е суспендиран на четири недели и притоа нема да прима плата, додаваат од Еј-Би-Си.
ТВ-компанијата е во сопственост на Дизни.
Флин во петокот се изјасни дека е виновен дека ги лажел ФБИ за своите врски со Русија и се согласил да соработува со истрагата кои истражуваат кругови блиски до претседателот Трамп пред да ја презеде функцијата претседател.
Еј-Би-Си објави дека Флин, повикувајќи се на доверлив извор, бил подготвен да сведочи дека Трамп го упатил за контакт со Русите додека бил претседателски кандидат.
Главните индекси на Вол Стрит се намалија за повеќе од еден отсто по тој извештај.
Подоцна известија дека изворот објаснил дека Трам за време на кампањата на Флин и „мал круг високи советници“ да пронајдат начини за подобрување на односите со Русија. – По изборот за претседател Трамп побарал од Флин да стапи во контакт со руски официјални лица за теми меѓу кои соработка против ИД, објавија Еј-Би-Си.
Ново на Сител
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот