Суспендиран скопски обвинител, придонесол за пролонгирање или застареност на кривични дела
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за време додека трае дисциплинската постапка поведена против него поради основано сомнение дека сторил – Тешка дисциплинска повреда од член 91 став 1 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство.
При вонреден надзор од Вишото јавно обвинителство Скопје, како што информираат од Јавно обвинителство е констатирано дека јавниот обвинител во значителен дел од предметите кои му се доделени во работа не ги презел неопходните дејствија согласно Законот за кривична постапка заради донесување мериторна јавнообвинителска одлука, при што кај еден дел од предметите настанало пролонгирање на постапката или застареност на кривичното гонење.
– Од почетокот на примената на новиот Правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда, донесен на 18.05.2021 година, ова е петта поведена дисциплинска постапка за јавен обвинител. Во другите четири постапки, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово исто така е донесено решение за оддалечување од функцијата, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 20% во траење од четири месеци, за јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен е изречена дисциплинска мерка – намалување на плата во износ од 30% во траење од четири месеци, додека една постапка против јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид е во тек, информираат од обвинителство.
Пред Советот на јавните обвинители во тек се жалбени постапки за уште тројца јавни обвинители за кои дисциплинските мерки беа изречени во дисциплинска постапка спроведена според стариот Закон за јавно обвинителство и претходно важечкиот Правилник.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија нагласува дека основна должност на јавните обвинители е секогаш, без оглед на околностите, да ги преземаат службените дејствија во согласност со важечкото национално и меѓународно законодавство и да ја вршат својата должност законито, непристрасно, праведно, посветено и во што е можно пократок рок. Сите утврдени дисциплински повреди ќе се санкционираат согласно одредбите на Законот за јавно обвинителство.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
