Живот
2. October 2016 - 14:54

Сузана Турунџиева по смртта на сопругот се врати на...

Кон крајот на месец јули остана без саканиот, но оттогаш до сега се издигна над проблемите како вистинска лавица.

Сузана Турунџиева е инспирација за секој човек кој барем малку почувствувал колку крут и нефер може да биде животот. По тешкиот период кога мораше да се соочи со смртта на сопругот, водителката повторно се врати на работните обврски и тоа со стил.

Овој пат Турунџиева не воодушеви со феноменалниот изглед, односно фустан со цветен принт, кој совршено ја истакна нејзината телесна форма. Но тоа што најмногу привлекува внимание е убавата насмевка, која водителката нескромно ја сподели со своите пријатели и фанови.

Сузана е вистинска инспирација, затоа вооружете се со убава насмевка и смело чекорете во животот.