Џет-Сет
13. September 2015 - 12:03

Свадбени ѕвона: Северина бара фустан, Игор пушта мустаќиња

Хрватската поп ѕвезда Северина Вучковиќ и фудбалскиот голман Игор Којиќ неодамна најавија венчавка, па идната невеста тргна во потрага по венчаница. Откако во неколку елетни белградски атељеа ги прегледа понудените модели во најтесен избор влегоа фустаните на познатите креатори Вера Ванг и Оскар де ла Рента.

За тоа задоволство ќе мора да одвои околу 3.000 евраи тоа под услов да се одлучи за некоја од венчаниците во понудата. Доколку ниту една не биде „совршена“ за неа, Северина ќе мора венчаницата да ја порача од странство и тогаш ќе чини многу повеќе.

Бидејќи таа досега три пати беше верена, но ниту еднаш не стигна до венчавка, 43-годишната пејачка изгледа конечно ќе си го оствари сонот од детството. А за такво нешто сигурно нема да зажали да плати колку што е потребно.