Сваровски и друг златен накит вреден над 300.000 денари украден од домот на Лила -

Од стан во Скопје вчера се украдени лап топ, 200 евра, разновиден златен накит и накит „Сваровски", во вкупна вредност од 300.000 денари, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Во полициската станица Бит Пазар Л.С.(47) пријавила дека вчера во времето од 13.30 до 18.05 часот во нејзиниот стан на улицата „Џон Кенеди" од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба при што е одземен лап топ, 200 евра, разновиден златен накит и накит „Сваровски".
- Сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и ги одзел наведените предмети, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противравна имотна корсит од околу 300.000 денари. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот, наведуваат од МВР.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
