-->
-->
Свечена заклетва на 35 нови американски волонтери на Мировниот корпус во Република Северна Македонија
-->
Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска 35 американски волонтери на Мировен корпус ќе дадат свечена заклетва и ќе ја почнат службата во Северна Македонија.
Од Мировен корпус информираат дека новите волонтери ќе се приклучат на групата на повеќе од 800 волонтери, коишто досега служеле во земјата. Ова е дваесет и шестата група на волонтери што ќе живеат и работат во Северна Македонија, од отворањето на канцеларијата во земјава во 1996 година.
Групата волонтери ќе положи заклетва пред амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, по што и официјално ќе ја започнат својата служба во Северна Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најнова технологија за косините кај Ботун
-

Македонија пред носење на првата Национална стратегија за Вештачка интелигенција
-

На Неврологија хоспитализиран пациент со пост западно-нилски синдром
-

Втора школа за срцева слабост во Скопје
-

Струмичките пожарникари за првпат ја употребија новата авто-скала за неочекувана мисија
-

Кос за бугарски БНТ: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав за да се движи напред кон ЕУ
-

ДУИ: Пресудата за водачите на ОВК е првостепена, очекуваме неправдата да биде исправена
-

Во Штавица кај Прилеп започна Балканскиот спелеолошки камп, 150 спелеолози од 15 држави ќе истражуваат 6 пештери
