-->
-->
Светецот кој чудотвори преку своите мошти: Свети Тимотеј
-->

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јуни.
Денеска е Св. свештеномаченик Тимотеј.
Во четвртиот век свети Тимотеј беше епископ на градот Пруса (во денешна Турција).
Имаше достигнато таква внатрешна чистота, што Бог му даде дар на чудотворство за помош на сите што беа болни или се наоѓаа во некоја неволја. Епископот на Пруса беше затворен за време на повампирувањето на паганството во Рим за владеењето на император Јулијан (361- 363), кого црквата го нарече Отстапник.
Имено, овој беше христијански воспитаник, па дури покажуваше и наклонетост кон монаштвото, но кога дојде на престолот не само што заборави на се, туку и се натпреваруваше со претходните гонители на христијанството.
А кога го затвори Тимотеј, многу христијани доаѓаа во затворот да се поучат од мудроста на овој епископ. Кога слушна за тоа, Јулијан нареди да го погубат, што и се случи во 362 година.
Свети Тимотеј, за сведоштво пред светот, и по својата смрт продолжи да чудотвори преку своите мошти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минималец
-

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
-

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ одби покачување на платите
-

СЗО: Низок ризик од ширење на вирусот Нипах надвор од Индија
-

Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
-

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
