-->
-->
Свети Николе: Разбојник претепал 91-годишен старец до смрт за 30.000 денари
-->
Од 13 часот до 18 часот и 20 минути во Свети Николе, на улицата „Рахилка Гонева“ се одвивала вистинска драма. Во станот на 91-годишниот С.К. непознат разбојник влегол и одзел 30.000 денари. Насилникот според податоците од полицијата влегол низ незаклучена врата и со тап предмет физички го нападнал старецот, нанесувајки му повреди во по целото тело. Изнудил да каже каде ги чува парите, ги зел и го напуштил местото на настанот.
Неговиот син го нашол и го пренел С.К. во неконтактибилна состојба, во болницата во Свети Николе. По укажаната помош бил пуштен дома, а за жал денеска во два по полноќ им подлегнал на повредите.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови