Свет
25. December 2020 - 13:36

Светот во 2020: Зделки од 116 милијарди евра: Најголемите спојувања и аквизиции во Европа во 2020 година.

Неоспорно 2020 година не беше обична година за економијата и бизнисот. Независно од тоа, за некои компании ова беше година на можности и успех. Што се однесува до спојувањата и аквизиции во Европа во изминатите 12 месеци во вредност од неколку милијарди евра, тие беа реткост.

 

Следуваат некои од клучните и најголемите зделки на стариот континент со вкупна вредност од над 116 милијарди евра, што се случија во 2020 година:

Новата најголема група за достава на храна во Европа

Во јануари еден од лидерите во услугите за достава на храна по домовите – Таkеаwау, го купи британскиот ĸонĸурент Just Eat во зделка за 7,6 милијарди долапи или за околу 6,21 милијарди евра. Двете компании создадоа нов лидер во тој сегмент во Европа

Промени на пазарот на плаќања

Француската компанија за плаќања Worldline стана новиот сопственик на конкурентската компанија Ingeniso без многу врева околу зделката. Договорот од 7,8 милијарди евра или околу 9,5 милијарди долари ја создаде четвртата по големина платформа за платежни услуги во светот.

Само еден месец откако беше склучена, истото го направија и италијанската компанија Nexi и данската компанија Нетс за 7,8 милијарди евра.

Обид за спас

Германскиот конгломерат Тhуѕѕеnkruрр, кој беше во тешка финансиска состојба, успеа да ја склучи една од најголемите зделки во Европа за оваа година. Во февруари го продаде својот бизнис за производство на ескалатори и лифтови за 17,2 милијарди евра. Купувач беше конзорциум кој ги вклучува Advent International и Cinven.

Од Јапонија, преку Европа до САД

Во септември, технолошкиот сектор на Стариот континент беше сведок на голема зделка за 40 милијарди долари или скоро 33 милијарди евра. Јапонската Softbank се раздели со дел од својот бизнис, поточно од британскиот производител на чипови Arm, кој го купи американската Nvidia. Softbank ја купи компанијата во 2016 година за 32 милијарди долари.

Продажба на компанија со 300-годишна историја

Во ноември една од најстарите берзански компании во Велиĸа Британија – RЅА Grоuр, одлучи да го подели својот бизнис. Компанијата, со 300-годишна историја, го продаде својот меѓународен бизнис на Іntасt Fіnаnсіаl, а тој на скандинавските пазари на Tryg за вкупно 7,9 милијарди евра.

Новиот најголем доставувач на податоци за Волстрит

На крајот на ноември Ѕ&Р Glоbаl соопшти дека се спојува со британската ІНЅ Маrkіt. Двете компании го создадоа најголемиот доставувач на податоци за Волстрит по склучувањето на зделката за 44 милијарди долари или околу 36 милијарди евра