Светска премиера на филмот „Кога дрвата паѓаат“ на „Берлинале

Филмот „Кога дрвата паѓаат“ што е копродукција помеѓу Македонија, Украина и Полска светска премиера ќе има на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Берлин – „Берлинале“, во програмата „Панорама“, каде ќе се прикажат пет фестивалски проекции и две затворени проекции за филмските професионалци.
Филмот е во режија на Украинката Марисја Никитук, а на „Берлинале“ ќе се натпреварува во пет категории, меѓу кои и за наградата „GWFF“ – за најдобар прв игран филм.
Продуценти на филмот се македонската компанија „Фокус ин“, украинските компании „Директори филмс“ и „Солар Медија ентертејмент“ и „Месиџ филм“ од Полска.
Македонскиот креативен придонес во филмот „Кога дрвата паѓаат“ го обезбедија Блаже Дулев како монтажер, Александар Пејовски како ко-композитор и Крсте Господиновски како супервизор и креатор на визулени ефекти заедно со cел тим артисти за 3Д и визуелни ефекти.
Приказната во филмот се одвива околу малата хероина која мора да разбере колку е важно да се бори за нејзините соништа. Малото бунтовно девојче, кое има само пет години, учи за животот следејќи ја романсата на нејзината братучетка со млад криминалец, кој подоцна бега поради убиство, а девојката е принудена да стапи во брак со друг човек.
Филмскиот фестивал „Берлинале“ оваа година ќе биде одржан од 15-25 февруари.
Ново на Сител
-

Се обидувала да запали оган со бензин, 32-годишна жена заврши со тешки изгореници
-

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка
-

19-годишник од Радовиш ја нападнал својата баба, полицијата го приведе
-

Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-

168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп
-

Марковски: Вештачењето нарачано од одбраната на Јованов е селективно и со сериозни методолошки пропусти
-

Рекордна невработеност на високообразованите во Германија
-

Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик
