-->
-->
Светската рекордерка во маратон Пола Редклиф промоторка на Виз Ер Скопски маратон 2018
-->

Британката Полa Редклиф (45 години), светската рекордерка во маратон (2:15,25 часа, истрчан на маратонот во Лондон во април 2003 година) ќе биде гостинка и промоторка на 14.Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на 6 мај.
На „Виз Ер Скопски маратон“ повторно очекуваме пријавување на голем број натпреварувачи. Моментално имаме околу 4.000 пријави од 46 земји од светот. Многу ни е драго што „Виз Ер Скопски маратон“ е настан кој ги мотивира спортските амбасадори од целиот свет да се запознаат со Македонија. Затоа ја поканивме и Пола Редклиф. Таа прифати да биде дел од „Виз Ер Скопскиот маратон“. Влијанието на Виз Ер Скопски маратон е големо за промоција на спортот во Македонија и пошироко и тоа ќе може да го видите на 6-ти мај, рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.
Редклиф е повеќекратна победничка на најпознатите светски маратони, во Лондон (2002, 2003 и 2005-та), Њујорк (2004, 2007 и 2008) и во Чикаго (2002 година). Таа е и светска првенка во маратон СП Хелсинки 2005 година.
Претходно во улога на промотор на Скопскиот маратон, беше Кениецот Вилсон Кипсанг Кипротич во 2014 година, бронзениот олимписки медалист од Лондон во 2012 година и поранешен светски рекордер (2:03,23 часа, на маратонот во Берлин, во 2013-та). Минатата година беа сестрите близначки Луик (Лина, Лили, Леила) од Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
