Светски ден на рециклирање

Со собирање и селектирање на отпад на брегот на реката Треска, во близина на ресторанот „Манастирска пештера“, во кањонот Матка и музички перформанс во изведба на дечиња од приватна градинка „Пиколини“ и од музичкото училиште „Пиано арт“ денеска официјално ќе се промовира проектот „Матка-лулка на чистотата“ што го спроведува невладината организација за екологија 4SELECT.
На овој настан, што се одржува по повод Светскиот ден на рециклирање, и официјално ќе се промовира и покренување на TrashTag, а децата ќе испратат порака за спас на планетата Земја и за тоа дека идните генерации сакаат да наследат чиста планета.
Проектот ќе се реализира со поддршка на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, а на неговата промоција ќе присуствува и директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
