-->
-->
Светски ден на срцето
-->

Институтот за јавно здравје на Република Македонија, со поддршка на Министерството за здравство, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на срцето - 29 септември.
Светскиот ден на срцето годинава се одбележува под мотото „Избори за здраво срце за секого, секаде“. За таа цел од 10 до 14 часот во Градскиот парк во Скопје, кај Школка ќе има бесплатни превентивни прегледи, ќе се дистрибуира пропаганден материјал со содржини за правилни избори за здраво срце, ќе има ликовна работилница и изложба на детски цртежи посветени на срцето и здравите навики.
Организацијата на настанот е во соработка со НВО Здрава иднина, здружение за превенција од кардиоваскуларни болести, а ќе учествуваат и претставници од други здравствени установи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
