Светски ден на животната средина

Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина, во соработка со Град Скопје и општините во градот, денеска организира забавно-едукативен настан со кој ќе се вклучи во глобалното одбележување на 5 Јуни - Светскиот ден на животната средина.
Годинашново одбележување на овој значаен еколошки ден е посветено на глобалните заложби за намалување на загадувањето од пластика.
- Преку игра, песна, едукација, еко-трикови околу 300 ученици од девет скопски основни училишта кои во текот на учебната 2017/2018 година собраа најмногу пластични шишиња и ги предадоа за рециклирање на ПАКОМАК, ќе ја пратат пораката дека се подготвени да го сменат своето однесување кон пластиката и со тоа да се грижат за животната средина, живиот свет и сопственото здравје, наведуваат организаторите.
На настанот предвидено е да се обратат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, претставникот на УНЕП Искра Стојанова и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.
Во настанот, што ќе се одржи на отворената бина на „Школката“ во Градскиот парк во Скопје, ќе се вклучат и колективните постапувачи со отпад ПАКОМАК и НУЛА ОТПАД, ЈПКомунална Хигиена, ЈСП, Титан УСЈЕ и Скопска Пивара.
Ново на Сител
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
