-->
-->
Светски првак во посета на АМС
-->
Агенцијата за млади и спорт организираше прием и прес конференција за Халдун Алагас од Турција, кој е поранешен европски и најмлад светски првак во карате. Целта на неговата посета во Македонија е одржување на еднодневен семинар во ОУ Наум Наумовски Борче поточно во салата Методија Андонов Ченто, каде на 05.03. ќе се одржат два поединечни семинари на кој карате мајсторот во соработка со нашите најголеми карате звезди како Емил Павлов, Берат Јакупи и други ќе има можност да ги сподели своите искуства на помладите генерации.
Инаку Халдун Алагас е роден во Измит, Турција каде го завршува своето основно и средно образовани додека високи студии завршил на Универзитетот за физичка култура во Истанбул. Со карате се занимава од 1982 година, а во 1998 година станува најмлад светски шампион во сениорска конкуренција.
Тој се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт и Карате федерација на Македонија, како и карате клубот” Коштрими” на чија покана е реализирана оваа посета.
Запрашан од новинарите што мисли за настапот на макдонските каратисти на неодамнешното Балканско во Истанбул рече:
“Имав прилика да го проследам екипниот настап на македонската репрезентација и моето мислење за Македонското карате е навистина високо, бидејќи ги следам случувањата во европското и светското карате каде Македонија ниже големи успеси. Драго ми е што сум гостин во една држава каде се чуствувам како дома и секогаш кога ќе бидам поканет ќе бидам ваш гостин надевајќи се дека има што да покажам бидејќи секоја кујна има исти состојки, но начинот на кој што истите се комбинираат ја дава спецификата на секое јадење. Истото е и во каратето. Елементите и техниката се исти, но начинот на комбинирање на истите ја дефинира спецификата на секоја борба. ”
Харун е еден од најуспешните спортисти во Турција, и во негова чест еден грандиозен спортски центар во Истанбул го носи неговото име.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН