Живот
10. November 2015 - 10:08

Светски рекорд за Рој Лихтенштајн на аукција во Њујорк

Платното на Рој Лихтенштајн „Медицинска сестра“ беше продадено за 95,3 милиони долари синоќа во Њујорк - светски рекорд за продажба на аукција за дело на мајсторот на американскиот поп арт.

Сликата претходно беше проценета на 80 милиони долари од аукциската куќа „Кристис".

Таа беше купена по само неколку минути по цена речиси двојно во однос на претходниот рекорд за дело на Лихтенштајн - 56,12 милиони долари во 2013 година.