Светските лидери му ја честитаа победата на Ердоган на претседателските избори
Поддржувачите на Реџеп Таип Ердоган славеа до доцна во ноќта, откако долгогодишниот претседател на Турција обезбеди уште пет години на власт.
Во новиот мандат, Ердоган вети дека ќе ги обнови уништените градови од земјотресот и ќе ја подобри економската ситуација во земјата, а приоритет во надворешната политика ќе останат напорите за окончување на руско-украинскиот конфликт.
„Рековме дека ќе победиме на начин на кој никој нема да загуби. Затоа Турција е единствениот победник денес. Сега е време да ги оставиме настрана сите дебати и конфликти во однос на изборниот период и да се обединиме околу нашите национални цели и соништа“, рече Ердоган.
Лидерите ширум светот му честитаа на Ердоган за реизборот кој во вториот круг од изборите освои 54 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 48 проценти. Киличдароглу не го призна поразот и обвини за нефер избори.
„Го доживеавме најнефер изборниот процес во последниве години. Сите средства на државата беа мобилизирани во политичка партија. Народот ја покажа својата волја за промена на авторитарна власт и покрај сите притисоци на овие избори, ќе продолжиме да бидеме во првите редови на оваа борба додека не дојде вистинска демократија во нашата земја“, исткана Киличдароглу.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар