Светските лидери побараа итна примена на примирјето во Украина

Лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина побараа „што е можно побрзо“ да се примени мировниот договор, кој има за цел прекин на судирите во источниот дел на Украина, бидејќи се интензивирале борбите меѓу украинските и проруските сили во тоа подрачје.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин и шефот на украинската држава Петро Порошенко синоќа во телефонски разговор „ја изразија својата посветеност во примената на Минскиот договор и одлучноста да направат се што е потребно за да обезбедат тој да биде итно имплементиран“.
Договорот од Минск, кој е потпишан во февруари 2015 година со посредство на француската и германската влада, а во присуство на Путин, предвидува прекин на огнот во источниот дел на Украина, како и други политички, економски и општествени мерки за крај на судирите во тоа подрачје.
Повикот на светските лидери за примена на примирјето е упатен откако во напад на проруските сили загинал еден украински војник, а тројца се повредени.
Порошенко, Меркел, Оланд и Путин, исто така, побараа и итен прекин на непријателството во Украина, почнувајќи од повлекување на оружјето од фронтот, како и на вооружените сили.
Ново на Сител
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
